Спектакуларен портокалов облак од пепел и лава се крена над сицилијанските села минатата ноќ по ерупцијата на Етна.
Ова е 10-та голема ерупција на Етна од 16 февруари, кога повторно избувна најактивниот европски вулкан.
#Etna eruption this morning pic.twitter.com/ZAXTU9y1Un
— aarcidia (@aarcidia) February 28, 2021
Столб од чад и пепел се крена на висина од 10.000 метри, а осум околни села се покриени со пепел и камења, додека топла лава се слеваше по падините на југоисточниот кратер кон ненаселената област, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (ИНГВ), објави АП.
Извештаите наведуваат дека нема жртви, нема сериозни материјални штети, а во соопштението на ИНГВ се вели дека ветровите ги носеле облаците од пепел понатаму на исток и дека кратко време по ерупцијата биле регистрирани нови земјотреси.