Дописничката на „Скај њуз“ од Киев јави дека жителите на станбениот блок погоден од бомба се качувале во уништена зграда за да досегнат по своите работи.
Според досега познатите информации, во нападот загинале две лица, а тројца се повредени.
Дописничката на „Скај њуз“ рече дека издржливоста на украинскиот народ се гледа и во фактот што жителите се вратиле во зградата за да ги земат своите работи.
“This is quite clearly a residential area, right next to a school.”@AlexCrawfordSky is in Kyiv, where people are retrieving their belongings after a residential building was hit.
Latest: https://t.co/X3flQUBL0r
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/0XXELXlOnr
— Sky News (@SkyNews) March 14, 2022
Таа рече дека станбениот блок бил погоден од артилериски гранати околу 17 часот. Зградата е на само 10 километри северно од центарот на Киев.
„Ова е многу чиста станбена зона“, рече репортерката, покажувајќи на неколку куќи околу местото – и соседното училишно игралиште.
„Ова не е ни блиску до нешто што би било воена цел“, додаде таа.