Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео во кое предупредува дека конфликтот во таа земја ќе стане „бескрајно крвопролевање, ширење беда, страдање и уништување“ и побара дополнително оружје од западните земји.
Обраќајќи се на англиски, Зеленски рече дека Украина се брани од Русија „многу подолго отколку што планирале напаѓачите“, пишува Гардијан.
– Но Русија се уште има капацитет да изврши напад, и тоа не само против Украина. Полска, Молдавија, Романија и балтичките земји ќе станат следните цели доколку падне слободата на Украина – оцени Зеленски.
Тој исто така рече дека е потребно дополнително оружје за да се спасат милиони Украинци, како и милиони Европејци.
– Потребна ни е тешка артилерија, оклопни возила, системи за противвоздушна одбрана и борбени авиони – рече украинскиот претседател.
Without additional weaponry, this war will become an endless bloodbath, spreading misery, suffering, and destruction. Mariupol, Bucha, Kramatorsk – the list will be continued. Nobody will stop Russia except Ukraine with Heavy Weapons. #ArmUkraineNow pic.twitter.com/miSOL5zvuA
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 13, 2022