(Видео) Киев блокиран! Хаос во главниот град на Украина, граѓаните бегаат на запад

пред 3 години

Украинското население е во страв, а според странските медиуми луѓето масовно ги напуштаат домовите за да се спасат.

„Би-Би-Си“ пишува дека голем број луѓе го напуштаат главниот град на Украина, каде што се слушаат сирени, а улиците кон излезите од градот се пренатрупани.

На социјалните мрежи луѓето пишуваат како се чувствува паника во градот, а некои заминале и во скривници.

На телевизиските снимки се гледа како луѓето се молат на улица. Дописникот на „Гардијан“ пишува дека на улиците има малку луѓе, а пред банкоматите има огромни гужви.

„Сообраќајот преку Северниот мост во Киев се движи кон запад, а во правец на исток нема автомобили“, пишува Си-Ен-Ен.

Екипите на „Си-Ен-Ен“ рано утринава на терен известија дека слушнале експлозии кои звучеле како да доаѓаат од источниот дел на главниот град на Украина.

Share
Scroll to Top