(Видео) Мажи го нападнаа убиецот на нивен роднина на судење во Америка

(Видео) Мажи го нападнаа убиецот на нивен роднина на судење во Америка

пред 7 часа

Сослушувањето за убиство во судница во Албакерки се претвори во хаотична сцена кога двајца роднини на жртвата физички го нападнаа обвинетиот.

Инцидентот се случил кога двајцата мажи, Карлос Лусеро и Пит Исаси, ја прескокнале бариерата и го нападнале мажот обвинет за убиство. Ситуацијата ескалирала кога во конфликтот се вклучиле уште еден затвореник и таткото на обвинетиот.

Се обидел да интервенира и затворски чувар, но и тој бил нападнат за време на пресметката, јавува Би-би-си.

Полицијата веднаш реагирала, ги уапсила Лусеро и Исаси и ги пријавила за напад на службено лице.

Една осомничена жена вмешана во инцидентот сѐ уште е во бегство, а властите издадоа налог за апсење.

Текстот (Видео) Мажи го нападнаа убиецот на нивен роднина на судење во Америка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top