Мексиканските нарко картели започнаа војна меѓу себе од воздух. Снимките објавени во мексиканските медиуми покажуваат како еден нарко-картел го бомбардира кампот на друг картел од дрон.
На снимката која е направена од дронот што го изврши нападот, се гледа како авионот фрла експлозив врз шаторите на земја, кој потоа експлодирал, а луѓето во кампот почнале да бегаат. Потоа видеото покажува како најверојатно дронот е соборен.
Според мексиканското издание на шпанскиот весник „Ел Паис“, дронот што го изврши нападот припаѓа на картелот од новата генерација Халиско, додека нападнат е кампот на ривалскиот картел во мексиканската држава Мичоакан.
Други мексикански медиуми тврдат дека бил нападнат камп на локални жители, кои се спротивставиле на новата генерација на картелот Халиско да почне да дејствува на нивна територија.
Според мексиканските медиуми, едно лице е повредено во воздушниот напад, кој не бил прв од ваков вид во регионот.
Jalisco Cartel, Nueva Generación dropping small bombs from a drone on a target in Michoacán, Mexico.
People can be seen running away after the bombs hit the camp. #Mexico pic.twitter.com/5pYtg1V9B4— CNW (@ConflictsW) January 11, 2022
Американската агенција за борба против дрогата вели дека картелот „Халиско“ од новата генерација е „една од најнасилните и најголемите организации за трговија со дрога во Мексико, која го преплавува американскиот пазар со фентанил и метамфетамин“.
Американските власти изјавија дека уништувањето на тој картел е еден од највисоките приоритети и понудија награда од 10 милиони долари за информација која би довела до апсење на водачот на картелот Немесио Ел Менч Осегуер Сервантес.