Трагичен инцидент се случи на свадба во Тајланд синоќа кога младоженецот уби вкупно 5 лица, на крајот се самоуби, пренесуваат медиумите.
Убиецот е маж по име Јатуронг, 29 години, кој бил младоженец на Чатуронг (29). Со пиштол пукал во младата Канчана (44), мајката на невестата (62), помладата сестра на невестата (38) и пријателот кој дошол да помогне на прославата, а потоа се самоубил. На лице место загинале вкупно 4 лица, едно лице починало во болница, додека друго лице е тешко повредено и е испратено на лекување во болница.
Од прелиминарната истрага, познато е дека во куќата во која се случил инцидентот, во тек била венчавката помеѓу невестата Канчана (44) и младоженецот Јатуронг (29).
Непосредно пред масакрот, некои од гостите на свадбата забележале дека младоженецот е многу чуден, и дека тој ни малку не е среќен, што било многу чудно со оглед на тоа што се венчал.
Текстот (Видео) Младоженецот ги уби невестата и свекрвата, па се самоуби – гостите скаменети од шок е превземен од МАКФАКС.