На турскиот потпретседател Фуат Октај му се слоши поради низок крвен притисок додека држеше говор што се пренесуваше во живо на националните телевизии.
Фуат Октај зборуваше на самитот посветен на сајбер-безбедноста во претседателскиот комплекс во Анкара. Во еден момент, среде обраќање, тој престана да зборува.
Cumhurbaşkanı Yardımcısı Fuat Oktay, katıldığı siber güvenlik etkinliğinde yaptığı konuşma sırasında fenalaşarak konuşmasını yarım bıraktı.
Umuyoruz ciddi bir sıkıntı yoktur. #FuatOktay pic.twitter.com/lPnXcfusk9
— Daktilock (@daktilock) December 21, 2020
Неговиот личен телохранител дошол до него, бидејќи било очигледно дека Октај не мрда ниту со рацете ниту со главата.
Октај потоа бил однесен во амбулантата во рамките на претседателскиот комплекс, а лекарите рекле дека неговиот крвен притисок паднал толку многу што предизвикал поспаност и замор.
По згрижувањето во амбулантата, Октај се врати во салата каде што се одржа самитот и ги поздрави присутните.
„Ви благодарам за разбирањето. Судејќи според она што го кажаа лекарите, тоа беше мала слабост поради несоница и замор”, рече Октај и го продолжи говорот.