(Видео) Несреќа во Бугарија: Автобус со патници од Косово излета од патот, повредени се 29 луѓе меѓу кои има и деца

пред 3 години

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се превезувале, се судрил со камион во градот Ќустендил, пренесе „Клан Косова“.

Според приштинските медиуми, несреќата се случила околу 4.30 часот, кога патнички автобус од Косово удрил во запрен камион кој превезувал дрва.

Возачот на камионот наводно се обидел да им укаже на другите во сообраќајот дека паднало дрво на патот. Автобусот удрил во камионот и излетал од патот.

Возачот на автобусот се здобил со полесни повреди и бил пренесен во локалната болница. Увид на лице место извршила полиција, а поради сообраќајната незгода е поведена постапка и за истата е известен обвинител.

Share
Scroll to Top