Орбан: Унгарија нема да стане земја на eмигранти

(Видео) Орбан: Европа мора да ја зајакне одбраната, но моќта треба да остане во рацете на земјите членки, а не кај Брисел

пред 1 година

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи објави дека неговите состаноци во Франција потврдиле дека иако постојат разни мислења за тоа како да се постигне мир, постои согласност за потребата од зајакнување на одбранбените способности на европските земји.

„Овие напори треба да ги зајакнат земјите членки, а не бирократите во Брисел“, нагласи Орбан.

Тој ја истакна исклучително блиската соработка со Франција и изрази очекување француските компании да бидат значајни инвеститори во Унгарија.

Во објавата тој сподели и фотографија со Марин Ле Пен со порака: „По средбата со поранешниот и сегашниот претседател на Франција, ми беше задоволство да се сретнам со идниот претседател. Ви благодариме за инспиративната дискусија, @MLP_officiel!“

Текстот (Видео) Орбан: Европа мора да ја зајакне одбраната, но моќта треба да остане во рацете на земјите членки, а не кај Брисел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top