(Видео) Падобранец удри во семафор на стадион во САД, натпреварот одложен

(Видео) Падобранец удри во семафор на стадион во САД, натпреварот одложен

пред 2 часа

Падобранец вчера се удрил во семафорот на стадионот „Лејн“ пред почетокот на натпревар по американски фудбал на универзитетот Virginia Tech.

Од универзитетот првично соопштија дека падобранецот е во стабилна состојба, а инцидентот предизвикал одложување на натпреварот. Неговиот идентитет не е објавен.

Подоцна информираа дека благодарение на брзата реакција на службите, падобранецот безбедно се спуштил и поминал без повреди.

На снимките се гледа како падобранот се заглавил меѓу буквите на натписот „Virginia Tech“ на врвот од семафорот.

Текстот (Видео) Падобранец удри во семафор на стадион во САД, натпреварот одложен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top