(Видео) Пожар во магацин по експлозија во Англија: „Огромна огнена топка“

(Видео) Пожар во магацин по експлозија во Англија: „Огромна огнена топка“

пред 15 часа

Силна експлозија по која синоќа избувна голем пожар во магацин во индустриската зона Граундвел во Свиндон, Англија. Голем број служби за итни случаи беа на местото на настанот, а полицијата ја евакуира непосредната околина, објави „Скај њуз“.

Полицијата, пожарникарите и амбулантните возила беа повикани на местото на настанот околу 19.30 часот. Противпожарната и спасувачка служба на Дорсет и Вилтшир потврди дека најмалку 10 противпожарни возила и специјализирани возила, вклучувајќи платформа за скали и цистерни за вода, се на местото на настанот борејќи се со голем пожар во магацинот.

Полицијата од Вилтшир ги повика луѓето што живеат во близина да останат во своите домови, да ги затворат сите прозорци и да ја избегнуваат областа на индустриската зона за сопствена безбедност. Тие додадоа дека нема потреба од евакуација на другите жители во близина.

Неколку локални жители на социјалните мрежи изјавија дека ја почувствувале експлозијата. Клое Хакет напиша дека имало масивна експлозија и дека нејзината куќа буквално се тресела.

„Огромна огнена топка. Навистина се надевам дека никој не е повреден и се надевам дека службите за итни случаи ќе останат безбедни“, рече таа.

Анџела Вилис додаде: „Се прашував што е тој огромен шум. Ми ја затресе вратата. Мислев дека некој се обидува да провали. Се надевам дека сите вклучени се добро и се надевам дека никој не е повреден“.

Еден корисник напиша дека „буквално почувствувал како целата куќа се тресе“ и додаде: „Свиндон буквално гори“.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Пожар во магацин по експлозија во Англија: „Огромна огнена топка“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top