(Видео) Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите во Луксембург

пред 3 години

Стотици луѓе протестираа во Луксембург против ковид мерките што се спроведуваат во Големото Војводство, при што голем број на распоредени полицајци употребија водени топови и уапсија десетина учесници, јавија агенциите.

„Не за законите кои ја убиваат слободата“, „Не за обврската за вакцинирање“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите кои извикуваа „Слобода, слобода, слобода“.

Протестот го надлетуваа хеликоптери и беспилотни летала а беше обезбеден од голем број полицајци кои добија засилување од соседна Белгија, по насилството на сличен митинг во саботата на 4-ти декември.

Демонстрантите потоа упаднаа на божиќниот пазар и фрлаа јајца кон резиденцијата на премиерот Ксавиер Бетел, барајќи негова оставка.

Овој пат, полицијата употреби водени топови за да ја потисне група демонстранти кои сакаа да ја пробијат оградата што го блокираше пристапот до центарот на градот фрлајќи петарди и димни бомби. Десетина лица се уапсени, соопшти полицијата.

„Владата врши притисок врз жителите уценувајќи ги во социјалниот и деловен живот“, изјави демонстрант за Франс прес.

Неодамна во Луксембург беа заострени рестриктивните ковид мерки.

Бројот на пациенти на интензивна нега и заразени со коронавирус е зголемен во последните две недели, каде што се вакцинирани 78 отсто од населението на возраст над 12 години.

Share
Scroll to Top