(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

(Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа

пред 1 година

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф денеска изјави дека Русија не треба нужно да се обвинува за предизвикување војна во Украина, пишува „Политико“.

„Војната во Украина не требаше да се случи – таа беше испровоцирана. Тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа“, рече Виткоф во емисијата „State of the Union“ на Си-ен-ен.

Виткоф посочи дека желбата на Украина да се приклучи на НАТО ја поттикнала војната.

„Имаше секакви разговори за пристапување на Украина во НАТО… Тоа не мораше да се случи“, рече тој.

„Тоа всушност стана закана за Русите и сега треба да се справиме со тој факт, а тоа се реалните факти“.

Текстот (Видео) Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Војната во Украина беше испровоцирана, тоа не мора да значи дека Русите ја испровоцираа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top