(Видео) Прво обраќање на Хезболах откако беше убиен нивниот лидер: „Подготвени сме за израелска копнена инвазија“

(Видео) Прво обраќање на Хезболах откако беше убиен нивниот лидер: „Подготвени сме за израелска копнена инвазија“

пред 4 месеци

Заменик-шефот на Хезболах, Наим Касем на почетокот на обраќањето рече дека групата изгубила брат и водач кога Израел го убил Хасан Насрала.

Тој изрази сочувство до семејствата на сите загинати во истиот напад.

„Тој беше сакан од народот“, рече заменик-шефот на Хезболах.

Касем вели дека израелските сили убиваат и масакрираат цивили. „САД се партнер на Израел, преку неограничена воена поддршка – културно, политички, финансиски“, рече тој.

„Ние сме сосема подготвени доколку Израелците сакаат копнена инвазија, силите на отпорот се подготвени за тоа. Се подготвивме и сме подготвени. Непријателот на Израел нема да ги постигне своите цели“, рече тој.

Ова е прв ваков говор откако лидерот Хасан Насрала беше убиен во израелски напад, пренесува АФП.

Текстот (Видео) Прво обраќање на Хезболах откако беше убиен нивниот лидер: „Подготвени сме за израелска копнена инвазија“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top