(Видео) Пукање во супермаркет во САД – еден убиен и двајца повредени

пред 3 години

Едно лице е убиено, а две се ранети во супермаркет во Лонг Ајленд, кога напаѓач отворил оган, соопшти полицијата.

Потоа напаѓачот избегал од местото на злосторството, според американските медиуми.

Се претпоставува дека осомничениот по пукањето влегол во автобус и побегнал во непознат правец.

Според официјалното соопштение на полицијата, откриен е идентитетот на напаѓачот.

Се работи за 30-годишниот Габриел Двајт Вилсон, кој носи црна облека и се претпоставува дека е вооружен и опасен.

Share
Scroll to Top