(Видео) Расте бројот на жртви по тропската бура во Виетнам

(Видео) Расте бројот на жртви по тропската бура во Виетнам

пред 6 месеци

Бројот на жртви од тропската бура Буалој во Виетнам се искачи на најмалку 19, а повеќе од десетина луѓе сè уште се водат како исчезнати, соопштија властите денес.

Повеќето од жртвите загинаа во поплави, лизгање на земјиштето или од паѓање остатоци, а 92 лица се повредени, според штабот за управување со катастрофи.

Бурата исто така предизвика голема материјална штета уништувајќи или делумно оштетувајќи повеќе од 120.000 дома и искоренувајќи речиси 50.000 дрвја, соопштија властите. Особено тешко погодена беше северната крајбрежна провинција Ха Тин.

Тајфунот Буалој, кој претходно ги погоди Филипините, во неделата вечерта стигна северно од градот Вин носејќи ветрови со сила на ураган, пороен дожд и грмотевици. Историскиот град Хуе, познат по своите храмови и пагоди, исто така беше погоден.

Повеќе од 40 лета се откажани во регионот во последните денови, а многу други се одложени. Тајфунот исто така предизвика голема штета во земјоделскиот сектор.

фото: принтскрин

Текстот (Видео) Расте бројот на жртви по тропската бура во Виетнам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top