Жителите на станбениот комплекс „Варшавски“ во Киев пронајдоа необичен начин да се справат со неодамнешниот вечерен прекин на електричната енергија: наместо да останат во своите темни станови, вечерта ја поминаа во дворот, организирајќи скара на отворено.
Според украинските медиуми – повикувајќи се на снимки што се појавија на социјалните мрежи – десетици соседи се собраа во заедничкиот двор меѓу зградите. Тие поставија скара и маси, споделија храна и пијалаци, а времето го поминаа со музика и танц, додека нивните домови останаа во целосен мрак.
❗️Evening get-togethers during the blackouts in 🇺🇦Kyiv — social media. https://t.co/Cjmoo5ifoK
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) November 8, 2026
Скара и танц наместо темни станови
На снимките се гледаат жители, облечени во зимски јакни, како подготвуваат месо на импровизирана скара, додека во позадина се слушаат смеа и песна. Украинските медиуми пренесуваат дека, преку овој гест, жителите сакале да покажат меѓусебна поддршка и пркос пред секојдневието, кое сè повеќе е одбележано со повеќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Ваквите сцени стануваат сè почести во украинските градови, бидејќи температурите паѓаат, а животот во високите станбени згради – без греење, осветлување или топла вода – станува сè потежок.
Текстот (Видео) Русија го остави Киев без струја: луѓето излегоа надвор и направија скара е превземен од МАКФАКС.





