(Видео) Русија: Украина нападна трговски центар во Белгород од воздух, има мртви

(Видео) Русија: Украина нападна трговски центар во Белгород од воздух, има мртви

пред 2 години

Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени во воздушен напад на рускиот град Белгород, јавуваат руските медиуми.

На видеата објавени на социјалните мрежи може да се забележат возила за итна помош паркирани пред оштетениот трговски центар, каде што се искршени стаклата, пишува Би-би-си.

Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле 14 украински ракети. Белгород се наоѓа на 30-ина километри од границата со Украина и од почетокот на руската инвазија е честа цел на украинските сили.

Во декември, за време на најсмртоносниот напад на Белгород досега, загинаа 25 луѓе, а уште стотина беа ранети.

Текстот (Видео) Русија: Украина нападна трговски центар во Белгород од воздух, има мртви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top