Руски војници отвориле оган во украинскиот град Енергодар, веднаш до најголемата нуклеарна централа во Европа, откако влегле со тенкови, објави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.
Russian forces are now attacking Energodar. That’s the site of probably Europe’s biggest nuclear power station. One can only pray. pic.twitter.com/g0ELAZLT4U
— Christo Grozev (@christogrozev) March 3, 2022
Претходно тој изјави дека руските војници ги интензивираат напорите да ја преземат контролата над нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина, а работниците од оваа централа живеат во блискиот Енергодар.
Русија веќе ја окупираше затворената нуклеарна централа во Чернобил, на околу 100 километри северно од украинската престолнина Киев, јавува Ројтерс.