(Видео) Сè се тресеше: силен земјотрес го погоди Мексико

(Видео) Сè се тресеше: силен земјотрес го погоди Мексико

пред 2 часа

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала го погоди денес Пуерто Мадеро, на југот на Мексико, по што беше издадено предупредување за цунами во регионот, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти USGS.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји Гватемала и Ел Салвадор.

Според сведоци, зградите во Гватемала се треселе, а друг сведок за Ројтерс изјавил дека земјотресот бил почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за можни жртви или предизвикана материјална штета.

Текстот (Видео) Сè се тресеше: силен земјотрес го погоди Мексико е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top