(Видео) Се урна нов мост во Кина

(Видео) Се урна нов мост во Кина

пред 4 часа

Новоотворениот мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но сè уште не е познато дали има жртви.

Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето, објави Ројтерс.

Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради обилните дождови.

Изградбата на мостот беше завршена претходно оваа година, а изведувачи беа „Сечуан Роудс енд Бриџ Груп“.

Текстот (Видео) Се урна нов мост во Кина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top