Силен земјотрес го погоди источниот брег на Тајван во средата, проследен со серија помали последователни потреси.
Најсилниот земјотрес беше со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала, а Јапонија веднаш издаде предупредување за цунами на нејзините јужни острови.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен.
BREAKING: Multiple buildings have collapsed in Taipei, Taiwan after a Pair of Massive 7.5 Earthquakes Strikes Triggering Tsunami Warnings pic.twitter.com/BmHrHXMoXA
— Suppressed Voice (@SuppressedNws) April 3, 2024
Граѓаните на Тајван и јужните делови на Јапонија добија предупредување за цунами и им беше препорачано да се евакуираат на повисоките места, поради брановите кои се очекува да достигнат висина од три метри. Денешниот земјотрес е, инаку, најсилниот што го погодил островот во овој век.
Оштетени згради и куќи се пријавени во округот Хуалиен, соопшти тајванското Министерство за одбрана. Припадниците на армијата беа испратени на терен за да им помогнат на настраданите, а училиштата и многу работни места беа затворени по земјотресот.
Текстот (Видео) Силен земјотрес го погоди Тајван, Јапонија издаде предупредување за цунами е превземен од МАКФАКС.