Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг.
Шведската полиција соопшти дека работи на евакуација на луѓето кои живеат во близина. Според локалните медиуми, меѓу 100 и 200 луѓе биле евакуирани од станбениот блок.
#News #Breaking news #Very urgent Over 20 injured after EXPLOSION in residential building in Gothenburg, Sweden – reports pic.twitter.com/NgqOYYNXT9
— Aleksander Onishchuk (@Brave_spirit81) September 28, 2021
„ Стотици луѓе се евакуирани, граѓаните скокнаа од прозорците и паднаа во дворот“, рече шефот на спасувачката служба.
Шведската телевизија СВТ јавува дека по првичната експлозија избувнал пожар во неколку згради.
#News #Breaking news #Very urgent Over 20 injured after EXPLOSION in residential building in Gothenburg, Sweden – reports pic.twitter.com/NgqOYYNXT9
— Aleksander Onishchuk (@Brave_spirit81) September 28, 2021
Според неофицијални информации, најмалку три лица се здобиле со тешки телесни повреди.
Полицијата го блокираше местото на експлозијата и започна истрага за да ги открие околностите на инцидентот.
25 injured in a Big Bang in an apartment building in Gothenburg, Sweden #AkhbarAlYawm #أخبار_اليوم https://t.co/WVJZYWz91K
— Akhbar Al Yawm (@akhbaralyawm) September 28, 2021
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.