(Видео) Снежна бура го зафати источниот брег на САД: илјадници летови се откажани

(Видео) Снежна бура го зафати источниот брег на САД: илјадници летови се откажани

пред 2 часа

Шест американски држави, Њу Џерси, Род Ајленд, Масачусетс, Пенсилванија, Конектикат и Њујорк, прогласија вонредна состојба и воведоа ограничувања во сообраќајот додека силна снежна бура го зафаќа источниот брег на САД, оставајќи повеќе од 69 милиони луѓе под зимски предупредувања и повеќе од 650.000 домови без електрична енергија.

Предупредувањата за снежна бура се протегаат на повеќе од 600 милји по должината на источниот брег на САД, при што некои делови од Лонг Ајленд и Њу Џерси добија до 60 метри снег, а во Монток, Њујорк, беа пријавени налети на ветер од 85 милји на час, објави NBC News.

Најмногу прекини на електрична енергија се регистрирани во Масачусетс (279.300), Њу Џерси (131.972), Делавер (72.820), Род Ајленд (43.281), Мериленд (24.443), Њујорк (24.013), Вирџинија (15.765) и Конектикат (15.851).

Најголеми снежни врнежи во последната деценија

Во Њујорк, во одредени делови од градот, се забележани 48 см снег, што е најголема количина снег во последните 10 години, додека во Провиденс, Род Ајленд, досега наврнале 81 см, што е рекордна количина, пренесува Танјуг.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека до понеделникот попладне, по локално време, наврнале помеѓу 41 и 48 см снег, а официјалните лица предупредија дека бурата може да биде меѓу десетте најлоши во последните 150 години.

Илјадници летови беа откажани низ целата земја, а на аеродромите околу Њујорк беа забележани најголемите прекини.

Текстот (Видео) Снежна бура го зафати источниот брег на САД: илјадници летови се откажани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top