Полицијата во Србија заплени 80 килограми марихуана и објави видео од апсењето на 37-годишниот М.Р. кој е осомничен за неовластено производство и дистрибуција на наркотици.
Српската полиција го уапсила 37-годишникот на автопатот меѓу Белград и Ниш во близина на наплатна рампа кај Врчин. Тој бил фатен во бел автомобил „бе-ем-ве“, а во багажникот биле пронајдени девет пакети марихуана.
Вкупно, пакетите тежеле околу 80 килограми.