Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во еден момент, камерите го покажаа Сигал како седи во публиката.
73-годишниот Сигал, експерт за аикидо, беше ѕвезда во американските акциони филмови во 1980-тите и 90-тите. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сегал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со авторитарни лидери, вклучувајќи го и Кремљ.
Steven Seagal among guests pic.twitter.com/Vz1XaynPmG
— Russian Market (@runews) May 9, 2025
Во 2016 година, тој доби руско државјанство, а потоа во 2018 година, руското Министерство за надворешни работи го назначи за „специјален претставник за руско-американски културни врски и културно-историско наследство“. Актерот постојано ја фали Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина.
Во 2021 година, тој се приклучи на националистичка партија, а во август 2022 година ја посети источна Украина, каде што се сретна со и го поддржа лидерот на проруските сепаратисти во Донецк, Денис Пушилин. Тој присуствуваше на инаугурацијата на Путин за неговиот петти мандат во мај 2024 година.
Текстот (Видео) Стивен Сигал снимен на воената парада во Москва е превземен од МАКФАКС.