(Видео) Талибанците приведуваат жени во Кабул: снимени како ги туркаат во комбе

(Видео) Талибанците приведуваат жени во Кабул: снимени како ги туркаат во комбе

пред 4 часа

Најмалку осум жени беа приведени во Кабул за време на викендот во нова операција на талибанската полиција за морал, при што некои авганистански медиуми известуваат дека во притвор биле однесени дури 20 жени.

На снимки што кружат на социјалните мрежи се гледа како жени се принудно внесувани во бело комбе, а една од нив пружа отпор.

„Авганистан интернешнал“ известува дека жените биле приведени во саботата вечерта во населбата Таимани, во северниот дел на Кабул. Локален жител изјавил за медиумот дека лично бил сведок на приведувањата.

Два дена подоцна се појави видео на кое се гледа како две жени се обидуваат присилно да внесат друга жена во бело комбе. На работ од кадарот може да се види и маж облечен како припадник на талибанското Министерство за ширење на доблеста и спречување на пороци.

Според „Авганистан интернешнал“, ова министерство – кое делува како еден вид полиција за морал – често користи вакви возила за приведување жени.

Текстот (Видео) Талибанците приведуваат жени во Кабул: снимени како ги туркаат во комбе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top