(Видео) Тинејџер уби наставник и три деца во училиште во САД; ликвидиран од случаен минувач

(Видео) Тинејџер уби наставник и три деца во училиште во САД; ликвидиран од случаен минувач

пред 5 часа

Три деца – на возраст од пет, осум и 11 години – и еден наставник загинаа во пукање во основно училиште во градот Бенд, Орегон, додека 16-годишниот напаѓач бил убиен на самото место од страна на случаен минувач, соопшти полицијата.

Случаен минувач влегол во училиштето и го убил напаѓачот
Напаѓачот насилно влегол во основното училиште „Силвер рејл“, изјави началникот на полицијата во Бенд, Мајк Кранц. Станува збор за 16-годишен локален жител; засега не е познато дали тој имал некаква поврзаност со училиштето. Во нападот сериозно се повредени седумгодишно дете и 54-годишен наставник. Двајцата се пренесени во болница во критична состојба, пренесува Би-би-си.

Полицијата добила пријави за пукање во 12:59 часот по локално време. Првичниот повик се однесувал на машко лице кое пукало од огнено оружје кон автомобил. Неколку минути подоцна, пристигнале информации дека напаѓачот влегол во училиштето.

Според полицијата, еден случаен минувач тргнал по напаѓачот во училиштето и го убил. Полициските службеници пристигнале на местото на настанот три минути подоцна, потврдиле дека напаѓачот е мртов и ја пребарале училишната зграда. Полицијата сè уште нема објавено идентитети ниту на напаѓачот, ниту на жртвите.

„Потресени сме и скршени од оваа бесмислена трагедија. Не постојат зборови со кои би можела да се опише тагата низ која минува нашата заедница“, изјави Стивен Кук, раководител на локалниот училишен округ.

Наставата во училиштата во Бенд беше прекината во петокот; во основното училиште „Силвер рејл“ има запишано околу 450 ученици, а вработени се повеќе од 40 лица.

Минатата година во американските училишта беа забележани 235 инциденти со пукање, а годинава, досега, се случиле најмалку 140 такви инциденти.

Текстот (Видео) Тинејџер уби наставник и три деца во училиште во САД; ликвидиран од случаен минувач е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top