(Видео) Тито во Сараево на дочекот на новата 2024 година

(Видео) Тито во Сараево на дочекот на новата 2024 година

пред 2 години

Новогодишната прослава во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со Црвена јабука, Забрањено пушење…

Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч, пишува „Н1“.

Имено, поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.

По настапот на Бомбај штампа, на сцената излегоа водителите на новогодишната програма и „разговараа со другиот Тито“, а во еден момент се слуша воодушевувањето на публиката.

@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia ♬ original sound – ADFood

Во скечот Тито раскажа и анегдота од познатата новогодишна ноќ кога, како што наведува, Софија Лорен и Елизабет Тејлор „на ќебапи“ го испратиле познатиот холивудски актер Ричард Бартон, кој го глумеше Тито во филмот „Битката на Сутјеска“.

Текстот (Видео) Тито во Сараево на дочекот на новата 2024 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top