(Видео) Трамп: Имам две сестри, eдната е убава, но не сакав да бидам во врска со неа

(Видео) Трамп: Имам две сестри, eдната е убава, но не сакав да бидам во врска со неа

пред 3 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на републиканскиот предизборен митинг во Салина, Канзас, зборуваше за своите сестри, нагласувајќи дека никогаш не сакал да биде во врска со нив или да се ожени со нив. Тој почна да зборува за ова додека повторно ја обвинуваше демократската конгресменка Илхан Омар дека се омажила за својот брат.

„Видете, пред многу години ме прашаа: „Дали е вистина дека си во врска со твојата сестра?“ Јас реков: „Не“. Но, таа рече нешто малку поинакво“, почна Трамп.

„Имам две прекрасни сестри. Едната почина, таа беше фантастична личност, федерален судија, врвен, врвен федерален судија. А другата е исто така убава, но никогаш не сакав да бидам во врска со неа или да се оженам со неа“, продолжи тој.

„И ако новинарите ме прашаат тоа, ако некогаш ме прашаат, би рекол: „Не, не, не ме интересира“. Воопшто не. Воопшто не, воопшто не. Никогаш не ми паднало на памет“, рече Трамп. Потоа се врати на Илхан Омар, тврдејќи дека кога ја прашале дали се омажила за својот брат, таа рекла: „Колку што знам, не сум се омажила“.

„Тоа значи дека е. Со други зборови, тоа значи дека нејзиниот адвокат ѝ рекол да не лаже кога ќе ја прашаат нешто затоа што може да заврши во затвор“, тврдеше Трамп.

Трамп со години ја обвинува сомалиско-американската демократска конгресменка Илхан Омар дека се омажила за својот брат, Ахмед Нур Саид Елми, во 2009 година за да изврши имиграциска измама. Омар ги негира обвинувањата, а нема докази дека нејзиниот поранешен сопруг е и нејзин брат.

Американскиот претседател ги повтори овие обвинувања неколку пати во последните денови, осврнувајќи се на своите сестри. На митинг во Дејтона Бич, Флорида, на 30 октомври, тој рече дека никогаш не им предложил брак на ниту една од нив и дека не го привлекуваат.

Постарата сестра на Трамп, Мериен Трамп Бери, поранешна федерална судијка, почина во 2023 година на 86-годишна возраст. Неговата друга сестра е Елизабет Трамп Грау.

Текстот (Видео) Трамп: Имам две сестри, eдната е убава, но не сакав да бидам во врска со неа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top