Чешка отвори рекорден долг висечки мост. Мостот „Скајбриџ 721“ на североистокот од земјата им овозможува на планинарите кратенка низ облаците со феноменален поглед на врвовите на планината Кралички Снежник.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
A pedestrian suspension bridge that is the longest such construction in the world has opened at a mountain resort in the Czech Republic. https://t.co/3KpoyuM701
— ABC News (@ABC) May 14, 2022
Мостот е вистинска атракција и се протега на 721 метар меѓу два планински сртови, а се наоѓа во близина на одморалиштето Долни Морава и ја премостува долината на Млиничката долина на височина од 95 метри.
„Скајбриџ 721“ е изграден во близина на видиковецот Скајволк, платформа висока 55 метри од која можете да се лизнете по тобоган од 100 метри.
Инаку, изградбата на овој мост чинеше околу 26,5 милиони евра и траеше две години, пренесуваат медиумите.