(Видео) Шестмина загинати во пожар во автобус во Швајцарија: „Патник се полеа со бензин и се запали“

(Видео) Шестмина загинати во пожар во автобус во Швајцарија: „Патник се полеа со бензин и се запали“

пред 5 часа

Шест лица загинаа, а најмалку четворица други се повредени кога автобус за јавен превоз изгоре во западна Швајцарија, соопшти полицијата вчера вечер.

Тројца од повредените се во критична состојба, соопшти кантоналната полиција на Фрибур. Еден болничар е исто така повреден за време на спасувачката операција.

Инцидентот се случил во градот Керцерс, западно од главниот град Берн.

Сведок: Маж се полеал со бензин и се запалил
Швајцарскиот весник „Блик“ цитираше сведок кој изјавил дека маж се полеал со бензин и се запалил во автобусот. Полицијата не го потврдила тврдењето, но рекла дека пожарот е предизвикан од човечка активност.

Пожарникарите го изгаснале пожарот, но автобусот бил целосно уништен. Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека возилото е целосно зафатено од пламен и густ чад.

Автобусот е во сопственост на „ПостАуто“, која главно врши редовни услуги во руралните средини.

Текстот (Видео) Шестмина загинати во пожар во автобус во Швајцарија: „Патник се полеа со бензин и се запали“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top