Најмалку 15 лица загинаа, а 70 се повредени кога се сруши надвозник на метрото во Мексико Сити, соопштија локалните власти.
Локалната телевизија покажа снимка на која се гледа како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата, пренесува Ројтерс.
RAW: A metro overpass in Mexico City has collapsed killing at least 15 people. According to local officials, around 70 people were injured.
Rescuers are searching for survivors under the rubble. pic.twitter.com/UXaIAx693X
— DW News (@dwnews) May 4, 2021
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како медицински тимови и пожарникари трагаат по преживеани во несреќата.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека во несреќата загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.
Несреќата се случила на метро линијата број 12, која била изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.
„Она што се случи денес е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства “, напиша Ебрард на Твитер.
Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогнат.