Властите во Мариупол: Веруваме дека стотици се мртви во гранатирањето

пред 3 години

Официјални лица во југоисточниот град Мариупол стравуваат дека се убиени голем број луѓе по повеќечасовното континуирано гранатирање на градот.

Заменик-градоначалникот Сергиј Орлов изјави дека делот од градот покрај реката каде живеат 130.000 луѓе, вклучувајќи го и неговиот татко, е речиси целосно уништен.

„Не можеме да ги броиме жртви таму, но веруваме дека стотици се мртви. Не можеме да одиме за да ги земеме телата“, изјави тој за Би-Би-Си.

„Руската армија оперира овде со артилерија, повеќе ракетни системи, авиони, тактички проектили. Тие се обидуваат да го уништат градот“, рече Орлов.

Тој вели дека руските сили се оддалечени неколку километри од градот од сите страни.

Претходно, градоначалникот на украинскиот пристанишен град, Вадим Боиченко, изјави дека руските сили го гранатираат градот без престан веќе 12 часа.

Во директен пренос на украинската телевизија, Боиченко наведе дека „непријателските окупаторски сили на Руската Федерација направија се за да го блокираат излезот на цивилите од градот”.

Share
Scroll to Top