Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 2.124 лица позитивни на коронавирус, од 4.952 тестирани примероци, додека 51 лице починало од коронавирус, покажуваат официјалните податоци на надлежните институции, Федерацијата БиХ, Република Српска и округот Брчко.
Само во Федерацијата БиХ се регистрирани 1.598 позитивни на коронавирус, од 3.837 тестирани примероци. Пријавени се 24 смртни случаи во последните 24 часа, а шест ретроактивно, или вкупно 30.
Во овој ентитет од почетокот на пандемијата починале вкупно 8.119 лица, соопшти Федералниот институт за јавно здравје.
Република Српска тестирала 904 примероци за коронавирус, од кои 449 биле позитивни, а 26 починале.
5.936 лица починале во Република Српска од почетокот на пандемијата, соопшти Институтот за јавно здравје на Република Српска.
Во округот Брчко, 77 лица биле позитивни на коронавирус, од 211 тестирани примероци, додека едно лице починало. Според окружната влада на Брчко, починале вкупно 500 луѓе.






