Во Германија 23.679 новозаболени oд коронавирус, 440 починати

пред 4 години

Во Германија се регистрирани уште 23.679 случаи на коронавирус, што е дневен рекорд, а во последните 24 часа починале 440 лица, објави Институтот „Роберт Кох“.

Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Германија сега скокна на 1.242.203, а од почетокот на пандемијата досега починале вкупно 20.372 лица.

Претходниот негативен рекорд во бројот на пациенти се случил на 20 ноември, кога се разболеле 23.648 лица, објави АП.

Германската канцеларка Ангела Меркел најави можни посилни ограничувачки мерки, бидејќи ширењето на инфекцијата во таа земја не запира.

Рестриктивните мерки започнаа на 2 ноември, што и овозможија на Германија да го запре брзото ширење на коронавирусот, но не и да го намали, но бројот на новозаболени остана на високо ниво од претходните недели, додава АП.

Share
Scroll to Top