Во Германија наскоро ќе се нудат вакцини и во јавните установи

пред 5 години

Германија наскоро ќе има толку многу дози вакцини против Kовид-19 што ќе може да им ги понуди на граѓаните во одредени јавни и верски установи со цел да имунизира 80% од населението, соопштија денеска здравствените власти.

„Иако побарувачката сè уште го надминува снабдувањето со вакцини во многу медицински центри, ситуацијата ќе се смени во следните неколку недели“, изјави министерот за здравство Јенс Шпан, додавајќи дека државата мора да ја забрза имунизацијата за да спречи делта сојот да предизвика нов бран, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top