Во Европа, повеќе од 900.000 луѓе починаа од Ковид-19 од избувнувањето на епидемијата на коронавирус во декември 2019 година, е новиот биланс на здравствените власти, пренесува агенцијата „Франс прес“.
Се наведува дека 52 земји и територии во регионот (вклучувајќи ги Русија и Турција) имале вкупно 900.185 смртни случаи и 40.083.433 заразени за нешто повеќе од една година.
Повеќе од половина од смртните случаи во Европа се регистрирани во пет земји – Велика Британија (125.580), Италија (102.499), Русија (92.937), Франција (90.788) и Германија (73.656).
Во светот, Латинска Америка и Карибите се најтешко погодени со 721 581 починати лица. Следуваат САД и Канада со 558.110 смртни случаи и Азија со 263.250.
„Франс прес“ прави дневен биланс врз основа на податоците од земјите и информациите од Светската здравствена организација.