Во Индија 400.000 починати од коронавирус

пред 3 години

Во Индија од почетокот на епидемијата починале 400.000 луѓе од коронавирус, половина од нив за време на вториот бран во последните месеци.

Индија има регистрирано 30,45 милиони случаи од избувнувањето на пандемијата минатата година и е втора најтешко погодена земја, по САД, каде има 33 милиони случаи.

САД имаат над 604.000 смртни случаи, а околу 518.000 луѓе починаа во Бразил.

Индија, втора по големина популација во светот, забележа 853 смртни случаи во изминатите 24 часа, според податоците на Министерството за здравство.

Share
Scroll to Top