Во Индонезија се удавија 11 ученици за време на излет

пред 4 години

Единаесет ученици се удавија во река за време на училишно патување во индонезиската провинција Западна Јава, соопштија локалните власти.

Од група од 150 ученици, 21 од нив паднале во реката, а спасувачите успеале да извлечат 10.

Средношколците беа на екскурзија на која учествуваа во чистењето на брегот на реката.

Според медиумите, учениците не носеле елеци за спасување.

Share
Scroll to Top