Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска воведе полициски час во главниот град на Украина од 22 часот до 7 часот наутро.
Тој рече дека јавниот превоз нема да работи за време на полициски час, пренесува Интерфакс Украина.
Според украинскиот Интерфакс, градските власти известиле за воздушна опасност во Киев.