Во Москва соборен рекордот: жештина што  не се памети во последните 100 години

Во Москва соборен рекордот: жештина што не се памети во последните 100 години

пред 6 месеци

Денеска Русија ја зафати жештина каква што не е запаметена повеќе од сто години, а големи горештини преовладуваат и во Кина, пренесуваат светските агенции. Во Москва беше соборен рекордот од 1917 година, а во градовите низ земјата живата се искачи над 35 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба ФОБОС објави дека на 3 јули во Москва се измерени 32,7 степени, што е за половина степен повисок од рекордот измерен на тој ден во 1917 година.

Топлината ја зголеми побарувачката за клима уреди и вентилатори.

Московјаните консумирале и рекордни количини сладолед и ладни пијалоци. Вода им беше поделена на патниците од метрото и трамвајот. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин ги советуваше граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат излегувања во најжешките делови од денот.

Во Москва живеат повеќе од 20 милиони луѓе. За утре се прогнозира невреме и има можност за појава на град, рече тој.

И Кина се соочува со се пожешки и подолги топлотни бранови и почести и непредвидливи обилни дождови поради климатските промени, предупредија во четвртокот кинеските метеоролози.

Во својата годишна „Сина книга“ за климата, кинеската метеоролошка управа (CMA) предупреди дека за 30 години, максималните температури во Кина би можеле да се зголемат за 1,7 до 2,8 степени Целзиусови, а најмногу ќе бидат погодени источните делови на земјата и северозападниот регион.

Минатата година, просечните национални температури достигнаа нови рекорди, предизвикувајќи рекордно повлекување на мразот и топење на вечниот мраз во северозападниот дел на земјата, се вели во документот.

Кина се смета за една од најранливите земји од климата во светот и е под зголемен притисок да се прилагоди на променливите временски услови и нивото на морето кое се зголемува повеќе од глобалниот просек.

„Кина е регион кој е чувствителен на глобалните климатски промени, регион каде што влијанието ќе биде значајно“, рече Јуан Џиашуанг, заменик директор на Националниот климатски центар на CMA, на брифинг со новинарите.

Метеоролошката служба денеска предупреди дека очекува температурите во поголемиот дел од Кина да бидат релативно високи во следните неколку месеци, второ лето по ред.

„Времето ќе биде поинакво од претходните години и сега имаме поекстремни временски услови“, изјави Чен Јухан, жител на Шангај, каде денеска беа измерени над 38 степени. „Ме изненадува секогаш кога ќе излезам надвор“, вели тој.

Текстот Во Москва соборен рекордот: жештина што не се памети во последните 100 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top