Шестгодишно девојче е убиено, а пет возрасни лица се повредени во пукање во Вашингтон во петокот вечерта, пренесе Си-ен-ен.
Инцидентот се случил нешто после 23 часот во југоисточниот дел на градот.
Сведоците кои повикале полиција го слушнале пукањето, а по нивното пристигнување ги упатиле кон точното место на несреќата.
Девојчето (6) итно било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите.
Останатите пет ранети, тројца мажи и две жени се наоѓаат во болница и нивните животи не се во опасност.
Засега нема апсења во врска со овој случај.