Во последните 24 часа, уште 501 лице се разболеле од коронавирусот во Словенија, додека 34 пациенти починаа како резултат на болеста, соопшти денеска словенечката влада.
Биле тестирани значително помалку луѓе – 1.792, а 28 проценти од испитаниците биле позитивни, пренесува порталот 24УР.
Во моментов, 1.264 пациенти се во болница, од кои 207 се на интензивна нега.