Во тешка сообраќајка на автопат во Хрватска три лица загинаа, 12 се повредени, меѓу нив има и деца

Во тешка сообраќајка на автопат во Хрватска три лица загинаа, 12 се повредени, меѓу нив има и деца

пред 3 години

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Хрватска, што се случи синоќа на автопатот А-1 кај Карловац, соопшти полицијата.

Јутарњи лист дознава дека 12 лица се повредени и згрижени во четири болници. Меѓу нив има и деца. Несреќата се случила околу 01:40 часот на автопатот А-1, во правец кон југ, после тунелот Свети Марко, а во неа учествувале повеќе возила.

Сообраќајот на тој дел од автопатот е затворен, а ќе следи истрага. На местото на несреќата интервенирале дури седум екипи на итната медицинска помош.

Шест пациенти биле лекувани во Општата болница во Карловац, тројца во КБЦ Риека, двајца во болницата во Огулин и еден во КБЦ Загреб.

Текстот Во тешка сообраќајка на автопат во Хрватска три лица загинаа, 12 се повредени, меѓу нив има и деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top