Во Турција 29.762 нови случаја на коронавирус

пред 4 години

Турција регистрира 29.762 нови случаја на коронавирус вклучувајќи и 1.142 симптоматски пациенти. Починале 146 лица.

Во Турција бројот на заразени надмина три милиони, а бројот на смртни случаи во целата земја достигна 30.462.

До денес во Турција се извршени речиси 37 милиони теста на коронавирус.

Откога Турција почна масовна кампања за вакцинација против Ковид-19 на 14 јануари, вакцинирани се повеќе од 14,12 милиони луѓе. Повеќе од осум милиони ја примиле првата доза, а речиси шест милиони ја примиле и втората доза.

Share
Scroll to Top