Во Турција речиси 16.000 луѓе повредени при колење жртвени животни за Рамазан-бајрам

Во Турција речиси 16.000 луѓе повредени при колење жртвени животни за Рамазан-бајрам

пред 2 години

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денеска изјави дека околу 16.000 луѓе ширум Турција се повредени за време на колењето на жртвените животни за време на исламскиот празник Курбан Бајрам.

Тој на мрежата Х напиша дека 1.274 лица се пријавиле во медицинските установи во Анкара, 840 во Истанбул и 416 во Измир поради повреди здобиени при колење на жртвени животни.

Коџа изјави дека овие повреди настанале затоа што „животните не се колат од професионалци“.

„Ги советуваме граѓаните да внимаваат на ова. Приближно 16.000 луѓе од првиот ден нема да можат да уживаат во празникот колку што сакаат“, предупреди Коџа.

Одбележувањето на четиридневниот исламски празник Курбан Бајрам започна вчера.

Текстот Во Турција речиси 16.000 луѓе повредени при колење жртвени животни за Рамазан-бајрам е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top