Во Уганда секој што не ги почитува правилата против Ковид-19 ќе оди во затвор

пред 3 години

Жителите на Уганда кои ги прекршуваат правилата на движење поради коронавирус ќе бидат казнети дури и со затвор до два месеца.

Според новите правила, објавени од Министерството за здравство во правен документ, на оние на кои им е забрането да работат -компании, барови, ноќни клубови, кина и продавници, во случај на повреда на забраната, им следи затвор, пренесуваат агенциите.

Со тековните мерки за движење се ограничуваат културните церемонии како што се свадби на само 20 лица, а секој што ќе биде домаќин на поголем број лица може исто така да оди во затвор поради прекршување на правилата.

Бидејќи државата беше заклучена за прв пат од март 2020 година, безбедносните сили во некои случаи беа принудени да користат насилство а неколку лица беа убиени, пишуваат тамошните медиуми.

Уганда во моментов минува низ втор бран од пандемијата на коронавирус, за кои научниците предвидуваа дека може да го достигне својот врв кон крајот на јули и почетокот на август.

Од почетокот на пандемијата, регистрирани се повеќе од 83.000 случаи и над 1.900 пациенти кои починале од коронавирус.

Share
Scroll to Top