Во последните 24 часа евидентирани се 1.472 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 22.769.
Меѓу нив, 2.857 пациенти се во болница, од кои 284 се на апарати за дишење. Починаа 65 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес има вкупно 177.358 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.705 починале, вкупно оздравеле 151.884 лица, од кои 3.673 во последните 24 часа.
Во моментов има 54.042 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 888.080 лица, од кои 5.798 во последните 24 часа.